| четврток, 6 декември 2018 |

МОСТ: До 10 часот одѕивот на гласачите е 8,8 проценти

nabljuduvaci MOST

МОСТ информира дека според податоците добиени од ПВТ програмата одѕивот на гласачите за  денешните претседателски избори до 10 часот е 8,88 проценти.  До 9 часот одѕивот е 4,92 проценти.

Претседателот на МОСТ Дарко Алексов на прес-конференција соопшти дека набљудувачите и регионалните канцеларии на  МОСТ информирале за  случаи со бришење  мастило на палецот, демолиран изборен штаб, незапишани избирачи, несоодветно поставени гласачки паравани, читање на глас на избирачи…

МОСТ денешното гласање го следи со 580 набљудувачи кои покриваат повеќе од 15 проценти од избирачките места на територијата на државата. Набљудувачите на МОСТ се статични и ќе го следат гласањето во текот на целиот ден. МОСТ има и мобилни тимови од по двајца набљудувачи, како логистичка поддршка на статичните набљудувачи, кои ќе ги набљудуваат повремено местата каде МОСТ нема статични набљудувачи. За граѓаните кои сакаат да пријават евентуални нерегуларности или да дадат информации поврзани со изборниот процес ќе биде отворена бесплатната телефонска линија 080 080 080080 080 080.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top