Скромен беше одзивот на гласачите од Германија кои имаа право да го дадат својот глас во изборот за претседател на Македонија. Во тритте дипломатско-конзуларни претставништва на Република Македонија во Германија вчера гласале 172 од вкупно пријавените 501 лице, јави „Дојче веле“.
Во Германија се гласаше во амбасадата во Берлин и дипломатско конзуларните претставништва во Бон и Минхен.
Во пропишаниот законски рок во трите ДКП за гласање за претседател биле пријавени 501 лице. Вчера (12. Април) до 19 часот гласале вкупно 172 лица што претставува 34,33 проценти од пријавените. Најголем одглас имаше во Берлин каде од 200 регистрирани, правото на глас го оствариле 82 македонски државјани (41 процент). Во Минхен од евидентираните 174 лица се изјасниле 65 (37,35 проценти), додека најмала излезеност имаше во Бон: од запишаните 127 лица гласале само 25 (19,68 проценти).
Изборниот материјал во текот на денешниот ден ќе биде доставен до Државанта изборна комисија преку дипломатска пошта. Македонските државјани кои вчера гласаа во Берлин беа категорични дека на државата и е потребен претседател чиј глас ќе се слуша и кој пред се ќе придонесе за подобар живот на младите кои не ќе мора да заминуваат од својата татковина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Да гласаме за нашите: Македонската судиска двојка номинирана за најдобра во светот
-
Берлин: Прашањето за германски репарации кон Грција е правно и политички затворено
-
Дијаспората му порача на Заев: Треба да дадете неотповиклива оставка!
-
Огромен пад на гласачите во дијаспората: За референдум се регистрирале 3 проценти од гласачите, а од нив помалку од 1.000 луѓе гласале