Денеска се навршуваат две години од монструозното петкратно убиство на Смилковското Езеро во близина на скопската населба Радишани. На Величетврток, како што се паѓаше тогаш, крај Смиљковско Езеро беа убиени четири момчиња на возраст од 18 до 21 година и средовечен жител на блиското село Црешево. Сите биле на рибарење. Убиени беа Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацевски и Кире Тричковски од Радишани, како и Борче Стефковски, 45 години, од селото Црешево.
Во судскиот процес за петкратното убиство обвинети се шест лица за тероризам, а двајца од обвинетите се на Косово во притвор за друго дело и се уште се чека на нивна екстрадиција.
Обвинети се Алил Демири и Африм Исмаиловиќ (се чека на нивната екстрадиција од Косово) и Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири, Рами Сејди и Хаки Азири. Според обвинението, убиствата ги извршиле Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија
-
Американски рапер убиен во престрелка