| четврток, 6 декември 2018 |

Денеска се навршуваат две години од петкратното убиство кај Смилковското езеро

Денеска се навршуваат две години од монструозното петкратно убиство на Смилковското Езеро во близина на скопската населба Радишани. На Величетврток, како што се паѓаше тогаш, крај Смиљковско Езеро беа убиени четири момчиња на возраст од 18 до 21 година и средовечен жител на блиското село Црешево. Сите биле на рибарење. Убиени беа Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацевски и Кире Тричковски од Радишани, како и Борче Стефковски, 45 години, од селото Црешево.

Во судскиот процес за петкратното убиство обвинети се шест лица за тероризам, а двајца од обвинетите се на Косово во притвор за друго дело и се уште се чека на нивна екстрадиција.mkd-36631

Обвинети се Алил Демири и Африм Исмаиловиќ (се чека на нивната екстрадиција од Косово) и Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири, Рами Сејди и Хаки Азири. Според обвинението, убиствата ги извршиле Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top