Дресовите на Филип Миркуловски и на Столе Стоилов, потпишани од останатите играчи на двата тима, ќе бидат однесени во Германија, обајави на својот сајт РК „Металург“. Пријатели надвор од теренот, и лути противници на теренот, Филип и Столе учествуваат во хуманитарна акција чија цел е, преку аукција на предмети на славни личности, да се дојде до средства кои ќе бидат искористени за хуманитарни цели. Аукцијата ќе се одржи во Мајнц, пред нашите иселеници во Германија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.