| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Минимум 30 нови фабрики и 10.000 нови вработени во слободните економски зони

vmro vo skopje 20 (Custom)

„Има разлика“, потенцираше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на вечерашниот митинг во Штип, нагласувајќи дека на СДСМ се уште не им е јасно значењето на разликата со ВМРО-ДПМНЕ. За Груевски разликата е евидентна во намалената невработеснот во услови на светска и европска криза за 10 проценти, од 38 на 28 проценти. Во Штип, како што рече, во 2003 година имаше 10.000 невработени, а сега бројката е преполовена  на 5.000 од кои половина се изјасниле дека не бараат вработување.

Има разлика, посочи, и затоа што во јавниот сектор не дозволивме отпуштање. Разликата се чувствува и во  носењето нови фабрики. Се сеќавате ли на некоја фабрика која ја донел СДСМ, праша  Груевски, истакнувајќи оти новите фабрики што дојдоа во време на ВМРО-ДПМНЕ се резултат на  тимската работа за создавање добри услови за бизнис во Македонија.

Добрите бизнис услови, додаде,  не само што дадоа поттик на македонското стопанство, туку беа  и сигнал во странските мултинационални компании дека Македонија е  новиот  инвестициски  рај и оти тука треба да ги отвораат своите нови фабрики.

– Ние во нашата програма ветуваме дека во наредните четири години ќе се отворат минимум 30 нови фабрики во слободните економски зони, со минимум 10.000 нови вработени и оти во наредните 4 години ќе работиме на отворање на најмалку 64 илјади нови работни места во Македонија што ќе претставува ново намалување на невработеноста за 6 проценти, рече Груевски и подвлече дека во последните две недели има 4 нови компании кои донесоа одлука да инвестираат во Македонија.

Доказ за разликата, според Груевски, се и исплатените субвенции за земјоделците што за наредните четири години ветува ќе изнесуваат 600 милиони евра и остварениот половина милијарда евра извоз  од Македонија на земјоделски производи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top