Ракометарите на Вардар изборија пласман во финалето на завршиниот турнир во регионалната СЕХА лига, откако во првото полуфинале го победи бранителот на трофејот Загреб со 30:22 (12:10).
Рамноправна борба на теренот се водеше само во првите 12 минути, кога при резултат 4:4, Вардар со серија од шест постигнати голови, во 20.минута стигна до предност од 10:4.
Вардар со цврста игра во одбраната, во воведните пет минути од второто полувреме ја вратија највисоката предност од шест голови (16:10).
Загреб се обидуваше повторно да фати приклучок и тоа благодарение на голманот Ивиќ, му успеа во 44.минута кога со со серија од три погодоци се доближи на 19:17.
Вардар без проблеми успеа да го задржи налетот на Загреб, создаде предност од пет голови (22:17) и потоа мирно го заврши натпреварот.
Игор Карачиќ со осум голови беше најефикасниот играч на Вардар, четири голови постигна Раковиќ, а по три пати мрежата на Загреб ја тресеа Прибак, Раковиќ и Брумен. Одличен настап имаше и голманот на „црвено-црните“, Страхиња Милиќ кој одбрани 13 удари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.