| четврток, 6 декември 2018 |

Чешки медиуми: Немаме добри спомени од натпреварите со Македонија

Франција е апсолутен фаворит за освојување на првото место во шестата квалификациска група за пласман на Европското првенство во Полска во 2016 година, Швајцарија би требало да биде аутсајдер, а нашата репрезентација и Македонија ќе се борат за втората позиција и за пат на ЕП, пишуваат чешките медиуми.

Секако не забораваат да споменат дека во последно време на Јиха и соиграчите не им оди баш најдобро против Македонија.

„Немаме добри спомени од дуелите со Македонија на големите натпреварувања. Со реми 24-24 во јануари во Данска испаднавме во фазата по групи, а и на претходното Европско првенство во Србија, Македонците нѐ победија со 27-21 и нѐ исфрлија од игра. Време е за трета среќа, а тие два меча со Македонија веројатно ќе бидат клучни за пласман на Чешка на ЕП во Полска“, пишуваат новинарите на порталот „Спортовни новини“.

Групата шест е меѓу најтешките, а со Македонија за првите две места ќе се борат актуелниот европски и олимписки првак Франција, потоа и Чешка и незгодната Швајцарија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top