
Се сеќавате ли вие, запраша вечерва лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во времето на СДСМ некогаш да донеле од Германија, Америка, Франција, Белгија или од некоја друга држава некој да дојде и да изгради нова фабрика од темел и да се вработат илјада или две илјади луѓе.
-Има ли таква некоја фабрика во Битола или Македонија што се изградила во времето на СДСМ. Нема. Има затворање на многу фабрики во екот на приватизацијата кога фирмите ги дадоа на нивните најблиски олигарси за да им се додворат и за да ги уживаат нивните пари.
Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ вчерва од Битола и порача на опозициската СДСМ да продолжи со празната реторика, со празните зборови и со општите фрази.
– За нас е најважно да правиме конкретни дела. Како што овде го донесовме Кронберг и Шуберт кој веќе вработи 1.200 луѓе, а ќе вработи уште толку можеби и повеќе. Планот е да се вработат околу 2.500 луѓе, рече Груевски.
За нас, потенцира, ниту едно вработување не е за потценување.
– Се бориме за секое ново отворено работно место, а камоли за 1.200 или 2.500. Огромна е разликата меѓу нас и СДСМ. СДСМ нема чувства за маката на луѓето. Повеќето од нив немаат видено мака во животот. Ние работиме конкретно како што работевме за Кронберг и Шуберт, а ќе продолжиме и за други такви компании и фабрики да ги убедуваме да дојдат во Македонија и во Битола, потенцира Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


