| четврток, 6 декември 2018 |

Тачи: Ахмети го гази дигнитетот на Албанците

goran-kol-22-ali-ahmeti-menduh-taci_16

Лидерот на ДПА Мендух Тачи од митингот одржан во Тетово рече дека ДУИ „ќе падне“ и на 13 и на 27 април затоа што добиваше избори со манипулации.

-Овие од ДУИ велат дека се газди на Албанците бидејќи со манипулација добиваат гласови. Ахмети го гази дигнитетот на Албанците, им го зема гласот со закани, со репресија, со казни. Вистина е дека нема да има ураган, но сигурно е дека Ахмети ќе падне, бидејќи ќе се казни тој начин на однесување, и тоа два пати на 13 и 27 април. Знаеме веќе како функционираат. Ако ДУИ побара џамија на плоштад, од ВМРО ќе им речат: ќути и земи 500 евра.ДУИ бара 25 пратеници за да му спротистави на Груевски, а тој пак бара 62 пратеника за да владее. Јас да имам само еден глас повеќе од ДУИ наспроти 100 пратеници на ВМРО знам како сигурно како треба да му спротиставам, рече лидерот на ДПА Мендух Тачи.

Претседателскиот кандидат на ДПА Илјаз Халими вечерва во Тетово пак изјави:
-Во текот на кампањата сретнав многу различни луѓе и видов кај нив ентузијазам и поддршка за мене. Тоа ми дава сила дека на 13 паирл ќе успеам да влезам во вториот круг. Ќе може да имаме 350 илјади гласови зошто сум единствен Албанец, а ако се здружат сите гласови ќе имаме голем успех и историски чин. Во иднина нема да има ваква можност. Со тоа ќе покажеме дека сме државотворен народ кој ќе стане столб на земјата. Констатиравме дека е подобро да имаме кандидат за овие избори бидејќи со бојкот немаше никаква шанса да ги сопреме Иванов или Пендаровски. Уверен сум дека со мобилизација на гласачите ќе успееме во намерите. Така ќе можам да ги употребам ингеренциите на претседателот за да ги подобрам работите со невработеноста, еднаквоста и други области, рече .

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top