Ексминистерот за надворешни работи, Антонио Милошоски го критикуваше кандидатот на СДСМ за претседател Стево Пендаровски бидејќи нема став за најважното надворешно политичко прашање на Македонија:
Пендаровски сѐ уште не излегол со јасен и конкретен став за најважното надворешно политичко прашање. Кој е ставот на Халими го знаеме, кој е ставот на Поповски го знаеме, кој е ставот на Иванов го знаеме, а кој е ставот на Пендаровски? Тој вика прво изберете ме за претседател, а потоа ќе ви кажам кој е ставот. Прво изберете ме за лекар, па ќе ви кажам дали знам да оперирам слепо црево.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


