| четврток, 6 декември 2018 |

Милошоски: Победата ни е потребна за да продолжиме со исполнување на ветените проекти

miloskoski-bt500Носителот на листата на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ 5 Антонио Милошоски од Битола порача дека индустриската зона „Жабени“ како и 1.200 вработени битолчани, но и новите странски инвестиции се разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.
На Македонија и се потребни чесни, лојални, вредни и работливи политичари, политичари кои ќе работат за доброто на младите, на студентите, на земјоделците, на сите граѓани на Република Македонија.

Таков е Ѓорге Иванов, а токму поради тоа ВМРО-ДПМНЕ го поддржува е се потпиша за негова кандидатура за претседател на Република Македонија.

Ова го порача носителот на листата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во ИЕ 5 Антонио Милошоски на митингот во Битола.

-Кога не прашуваат зошто го подржуваме Иванов, нашите пораки се јасни, затоа што е чесен како човек, морален како политичар, лојален на државата, човек на кого Македонија му е пред се. Ѓорге Иванов како професор, Ѓорге Иванов како претседател, Ѓорге Иванов како човек го почитува својот народ, затоа зад себе ја поддршката и почитта од цела Македонија. Таков човек заслужи пет години да биде и уште пет години ќе биде претседател на Република Македонија, вели Милошоски кој притоа додаде:

-Иванов во изминатите пет години имал многу говори, трибини, средби, многу ТВ дуели, настапи во земјата, надвор во странство, но никогаш и никого не омаловажил, не навредил или наклеветил. Така му доликува на претседател на една држава. Тој не треба да ја дели нацијата, тој не треба да враќа на оние што го омаловажуваат, бидејќи тој е над нив. Тој треба да обединува, а токму тоа е Ѓорге Иванов кој ги обединува сите, секој чесен граѓанин на Македонија, порача Милошоски кој воедно се осврна на еден од против кандидатите на Иванов.

-На спротивната страна гледаме противкандидат кој цело време бараше дуел, ТВ дуел, соочување, обвинуваше дека Иванов се плаши, дека Иванов бега од дуел, дека Стево Пендаровски е супериорен, дека знае се, дека тој може се, дека тој е најубав. Имавме дуел и видовме кој е кој. На ТВ дуелот се виде кој има државно искуство кој има политичко искуство, кој има зрелост. Пендаровски беше еден од кандидатите на ТВ уделот, а Иванов беше еден и единствен, најдобар на дуелот и затоа ги освои симпатиите на граѓаните. Откако виде дека ТВ дуелот е неуспешен двобој, дека само го дуваат тој балон да докажат дека за нешто што не е така, продолжи со својата ароганција, дека не сакал толку да се истакнува, затоа што не му било ќеиф, затоа што Иванов не му бил достоен, затоа што му бил чирак. Зарем така се зборува ли така за еден претседател. Ако не го почитувате Иванов како ваш против кандидат, почитувајте ги студентите од Битола кои гласале за Иванов, почитувајте ги граѓаните од Битола, лекарите, почитувајте ги граѓаните кои гласале со Иванов. Вакво ли единство планирате да градите со вашето омаловажување на противкандидатите. Со тоа покажувате само немоќ и го покажувате вистинското лице, кое можеби има нова шминка, нова фасада, но нема нов менталитет. Во СДСМ нема нов менталитет, за нив сите, не средна, сите други за нив се втора класа, а тие замислуваат дека тие се прва класа, најдобри, најубави. Но, на овие избори без разлика на шминката, на фризурата, ние не бираме манакен, ние бираме претседателч на државата, порача Антонио Молошовски.

Носителот на ИЕ 5 на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата воедно им порача на против кандидатите од СДСМ дека имале време да се покажат во Битола, но и во Македонија. Сега само им останала манипулацијата на граѓаните со враќањето на средната класа.

-СДСМ имаше свое време и можност да се покаже пред битолчани и се покажа. Се покажа со затворената фабрика Фринко, се покажа со Кожара, се покажа со свиларата и туланата, вашите родители, сега дедовци беа отпуштени работници. Се покажа со Жито Битола и со Битола Текс, но и со ТАТ и многу други. Тоа е разликата, разликата е тоа што тие што ја уништија средната класа, не гледаат во очи манипулираат дека ќе ја вратат средната класа. Лесно му е на Заев со 7 милиони евра проценет имот да зборува за средната класа, лесно и е на Шекеринска да зборува за средната класа со 5.200 евра месечна кирија за живеење во сопствен стан. Тие не знаат што е отпуштен работник, тие немале стечаец во семејството, тие немале студент на кој што немаат да му дадат пари за студирање или живеење надвор. ВМРО-ДПМНЕ направи разлика во почитувањето на луѓето, во условите на живеење, во вложениот труд да се подобри животниот стандард.

Антонио Милошоски воедно потенцираше дека тоа е разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Разликата е во инвестициите, отворањето на нови работни места, грижата за младите, за земјоделците, за сите граѓани на Република Македонија.

-Ако некој 1996-та година некој го прашаше Бранко што е Кронберг и Шуберт, сигурно ќе речеше дека е тоа е некој возач на Формула 1, ако го прашаше Заев и Шекеринска кој е Џонсон Мети, ќе речеа некој фудбалер во Челзи. Не почитувани конкуренти од СДМ. Тоа се странски инвестиции, тие не отпуштаат вработени, тие вработуваат. Ние знаеме дека 1.200 вработувања во Кронберг и Шуберт не се решение за цела Битола, но знаеме дека се нешто многу подобро од 2500 отпуштени од Жито Битола, ние знаеме дека ова е само почеток. Ние знаеме дека ова е само почеток и ние ќе се трудиме индустриската зона „Жабени“ да биде зона на нови странски инвестиции за нови работни места, затоа што тоа е целта на ВМРО-ДПМНЕ да донесеме нови 30 странски инвестиции и 64.000 нови вработуванја, тоа е нашиот мотив и цел, вели Милошоски кој воедно говореше за печалбарството, за иселениците, за одење во странство и за наоѓање на успехот и можноста во странските држави.

-Нам ни говарат Стево, Заев и Шекеринска за печалбарство, за одење во странсто. Не мора да ни говорите нам, тука со нас е Мазлум Хасан од Центар Зупа, беше градоначалник на Центар Жупа, но од 89-та година е заминат како печалбар во Италија со едно најлонче во раката, за да стигне пред некоја година до градежна компанија која вработува многу луѓе во Италија и да стигне до материјална состојба каква што заслужил и каква што секој посакува. Но, него во Македонија не го врати СДСМ, него го врати желбата за подобра Македонија, тој се врати по повик на премиерот Грувески, тој се врати тоа што го научил таму да го вложи тука. Не ни говорете вие за иселеништво затоа што тука е Лијана Затуровска која 1996-та замина за Австралија, а како што се сеќавам ВМРО-ДПМНЕ тогаш не беше на власт. Работеше, успеа колку што можеше и од 2000-та година кога беше ВМРО-ДПМНЕ на власт од љубов кон татковината да се врати и во Македонија да се заложи нејзината општина, нејзината држава да успее. Зоран Илиоски, битолчанец и тој беше во Австралија и тој не замина кога ВМРО-ДПМНЕ беше на власт. Сепак, се врати да и помогне на својата општина на својата држава. Затоа ве молиме говорите за тоа што знаете, но не ни говорете за тоа што сме го доживеале. Ние знаеме што е иселеништво, ние знаеме што е печалбарство, но ние знаеме што е љубов кон татковината и што значи да се вратиш и да и помогне на својата држава, вели Антонио Молошоски кој ведно потенцираше дека во 2006-та година, кога беше во Германија и студираше, а воедно работеше на Институтот за политички науки, добил повик од Никола Груевски кој во тоа време беше претседател на ВМРО-ДПМНЕ како опозициона партија.

-Ми рече дојди во Македонија, имаме избори, се бориме за подобро, дали можеме, ако работиме ќе успееме, јас дојдов, Иво Ивановски дојде, Гордана Јанкулоска дојде. Тој не убеди да се вратиме и да работиме и да го вложиме нашиот труд во сопствената држава. Затоа во овој град, во Битола и во цела Македонија има место и секогаш ќе има отворени врати за младите и образовани луѓе. Затоа сме благодарни на Иво Ивановски кој како битолчанец се залага за Битола, затоа што заменикот министер Зоран Коњановски прави се за да може да и помогне на својата општина и градот Битола, потенцираше Милошоски.

Како што обелодени Милошоски, Иво Ивановски има идеја, токму во Битола да се отвори нов Факултет за информатички технологии, а кадрите од овој факултет во иднина ќе привлечат нови инвестиции.

Милошоски воедно додаде дека во програмата на ВМРО-ДПМНЕ нема само празни зборови и празни фрази како во програмата на СДСМ.

-Гледам дека програмата на СДСМ и говорите на Заев личат на реклама од стоматолошка ординација, дојдете да ви ја вратиме насмевката на лицето. Господине Заев насмевката не успеавте да ја вратите на вработените на вашите вработени во фирмите на братот, на стрикото, на тетинот, на шурата и на баџанокот во Струмица. Вие со производството на корнишони и со плата од 5.000 денари не успеавте да ја вратите насмевката на еден струмичанец, а камоли во Македонија. Затоа ве молиме почитувајте го народот и не манипулирајте. Кажете кои инвестиции сте ги донеле, кои реформи сте ги направиле, кој факултет сте го создале, колку млади луѓе сте привлекле. Затоа на овие избори нема да победи празниот збор, туку дадениот збор, ветувањето, делото кое што сме го направиле, ќе победи ВМРО-ДПМНЕ бидејќи во својата нова најдобра програма има нови 2046 проекти каде што има место и за студентот и за пензионерот, за лекари, за културни и здравствени работници, секој граѓанин може да се препознае во програмата што ја имаме затоа што е направена прецизно, вели Милошоски кој потенцираше дека во програмата на СДСМ има само празни зборови.

Милишоски воедно потенцираше дека е многу важно да успеат во намерата за вработување на што е повеќе млади луѓе. Порати тоа е донесена одлука за олеснување на давачките за оние работодавачи кои ќе вработуваат лица до 29 години, за таквите компании ќе има посебни олеснувања.

Како што самиот изјави главната цел е да создадат услови и клима за привлекјување на странски инвестиции кои ќе создадат услови за нови 64.000 работни места, од кои неколку илјади во Битола. Поради тоа важно е да се има квалитетно образование, поради тоа зголеме е буџетот во образование преку 60 проценти. Има проект за набавка на 300.000 таблет компјутери за сите ученици од основните и средните училишта.

Пред три години, како што изјави Милишоски немаше да помине ден, немаше ниту една телевизија на која не се сликаше Менде Младеновски пред индустриската зона „Жабени“ и да каже дека земјиштето тоне. Не поминуваше ниту една седмица, а да не се слика пред „Жабени“ Весна Бендевска или Јани Макрадули или некој од раководството на СДСМ од Битола. Но, денеска нив ги нема, а ги има фабриките вели Милошоски.

На крајот од својот говор на митингот во Битола Антонио Милошоски го критикуваше кандидатот на СДСМ за претседател Стево Пендаровски бидејќи нема став за најважното надворешно политичко прашање на Македонија.

-Пендаровски се уште не излегол со јасен и конкретен став за најважното надворешно политичко прашање. Кој е ставот на Халими го знаеме, кој е ставот на Поповски го знаеме, кој е ставот на Иванов го знаеме, а кој е ставот на Пендаровски, тој вика прво изберете ме за претседател, а потоа ќе ви кажам кој е ставот. Прво изберете ме за лекар, па ќе ви кажам дали знам да оперирам слепо црево, прво изберетеме за фудбалер во Интер или Челзи, па потоа ќе ви покажам дали знам да играм. Срамота е за најважното прашање на оваа држава, на оваа нација, за која што секој граѓанин има став, еден кандидат за претседател да се крие и да не го изнесува ставот, вели Милошоски.

Носителот на листата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во ИЕ 5 Антонио Милошоски порача дека луѓето заслужуваат отчетност, заслужуваат јасна програма, треба да знаат кого бираат. Тој воедно порача дека победата им е потребна за да можат да продожиме да работат. Како што потенцираше Милишоски за претседателот Иванов и премиерот Груевски има една работа што ги разликува од другите, нема слободен ден за нив, нема викенд. Тоа се политичари на кои секој ден им е работен, такви луѓе и требаат на Македонија. Затоа државата пред се, сигурен и проверен избор, Ѓорге Иванов да биде нашиот иден претседател, а Никола Груевски да продолжи да ја води нашата држава како премиер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top