Попоски за време на посетата во Ростуше оствари средба и со градоначалникот Мукрем Мехмеди, во седиштето на општината.
За време на посетата тој истакна дека грижата за социјално најранливите категории на граѓани ќе продолжи и понатаму, најавувајќи изградба на нови социјални станови во Тетово и Гостивар.
-Како и досега што се грижевме за социјално најранливите групи на лица и изградивме 10 станбени објекти со 559 станбени единици , така и во следниот програмски период предвидуваме изградба за социјално најранливите лица во Тетово и Гостивар и тоа 55 станбени единици во Тетово и 70 станбени единици во Гостивар – истакна Попоски за време на посетата на реканскиот крај.
Дополнително, Попоски оствари средби со месното население од селата Битуше, Требиште и Велебрдо, пришто ги посети старата печатница и црквата “Св. Илија” во Битуше и пиеше чај со жителите на Требиште и Велебрдо.
Денешните активности на Попоски продолжуваат со посети на селата Јанче, Аџиевци, Присојница, Скудриње и Жировница
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.