| четврток, 6 декември 2018 |

Попоски: Изградба на 125 социјални станови во Тетово и Гостивар

попоски 1
 Носителот на листата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ во изборната единица 6, Никола Попоски, денеска ги посети населените места од општината Маврово-Ростуше.
Активностите, Попоски ги започна со средба со здравствените работници од Здравствениот дом „Русе Бошковски” во Ростуше, потоа го посети реконструираното средно општинско училиште „Маврово Ростуше”.

попоски 2

Попоски за време на посетата во Ростуше оствари средба и со градоначалникот Мукрем Мехмеди, во седиштето на општината.

попоски 3

За време на посетата тој истакна дека грижата за социјално најранливите категории на граѓани ќе продолжи и понатаму, најавувајќи изградба на нови социјални станови во Тетово и Гостивар.

попоски 4

-Како и досега што се грижевме за социјално најранливите групи на лица и изградивме 10 станбени објекти со 559 станбени единици , така и во следниот програмски период предвидуваме изградба  за социјално најранливите лица во Тетово и Гостивар и тоа 55 станбени единици во Тетово и 70 станбени единици во Гостивар – истакна Попоски за време на посетата на  реканскиот крај.

попоски 6

Дополнително, Попоски оствари средби со месното население од селата Битуше, Требиште и Велебрдо, пришто ги посети старата печатница и црквата “Св. Илија” во Битуше и пиеше чај со жителите на Требиште и Велебрдо.

попоски 7

Денешните активности на Попоски продолжуваат со посети на селата Јанче, Аџиевци, Присојница, Скудриње и Жировница

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top