| четврток, 6 декември 2018 |

Проекти за Струмица во новата програма на ВМРО-ДПМНЕ

strumica-50Во новата програма се предвидува и реконструкција на патната делница Струмица – Ново село граница со Бугарија во должина од 10 километри. Се предвидува и реконструкција на локалниот пат од Мокрино до Смолари со што ќе се обезбеди подобар пристап до граничниот премин Ново село.Предвидуваме изградба на локалниот пат од Водоча до браната Водоча и реконструкција на локалниот пат до Сачево.

Ова се дел од проектите наменети за Струмица, а напишани во новата програма на ВМРО-ДПМНЕ „Проверено“ која вечерва во Струмица ја промовираше лидерот на партијата Никола Груевски.

– За подобро наводнување на струмичкото поле предвидуваме изградба на брана со мала акомулација за наводнување во Костурино како и реконструкција на главниот канал за наводнување Владевци Добрејци, посочи Груевски.

Тој истакна дека предвидена е изградба и довршуваше на Општата болница во Струмица со површина од 6.000 метри квадратни каде ќе се сместат Ургентниот центар, хирургијата, геникологијата и неколку амбуланти.

Груевски додаде дека ќе ја довршат градбата на стариот струмички театар, со што Струмица ќе добие театар по најсовремени светски стандарди.

Во прогрмата на ВМРО-ДПМНЕ планирани се и изградба на три училишни спортски сали, градба на едно фудбалско игралиште со вештачка трева, изградба на две повеќе наменски спортски игралишта и изградба на четири тениски терени како и многу други проекти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top