| четврток, 6 декември 2018 |

Иванов: Со реформи ја приближуваме Македонија кон ЕУ

vmro vo skopje 28 (Custom)Покажавме дека знаеме да соработуваме со регионот. И затоа имаме и успешна економска дипломатија. Работиме заедно со Премиерот, со Владата, со министрите. Ја промовираме Македонија. И економската дипломатија ни носи успех. Се отвораат нови пазари за македонските производи. Наоѓаме партнери кои ја помагаат нашата економија. Ќе продолжиме да работиме тимски. Нема како во минатото дипломатски туризам, само шетање по странски земји, за да запишеме дека сме биле во некоја земја. Од секоја посета, од секоја остварена средба, има конкретен резултат. И тоа е видливо и се гледа.

Ова на вечерашниот митинг во Струмица го истакна претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорге Иванов.

Тој додаде дека во соработка со Владата, ќе продолжи во привлекувањето на странски инвестиции и отворањето на нови фабрики, нови погони, и уште многу нови работни места.

-Затоа еден до столбовите од мојата програма е и да ја изградиме Македонија како напредна земјоделска земја. Ќе ги поддржувам политиките на Владата насочени кон поттикнување и развој на земјоделието.Државата ќе продолжи да биде партнер на стопанството. Со сите моите проекти ќе продолжам да ја промовирам културата на претприемништво, посочи Иванов.

Претседателскио кандидат нагласи дека блокадата во нашите интеграции нема да не обесхрабри да продолжиме со успесите.

-Сореформи ја приближуваме Македонија кон Европската унија. И ќе градиме уште поконкурентна економија и уште поразвиена Македонија. Сите знаете дека имам јасен став по сите прашања. И секаде тоа јасно го кажувам. И за прашањето што е со нашиот јужен сосед. Минатиот пат ви кажав, од ова исто место: ја имам вашата доверба и го слушам вашиот глас. Тој глас го пренесувам, кога ме прашуваат кој е ставот на Македонија, по однос на тоа прашање. Јас велам: „нема да прифатам никакви предлози кои задираат во националниот идентитет на македонскиот народ, кој задираат во македонскиот јазик, македонскиот модел на соживот“. Затоа што сите сме Македонија! И нема да дозволам промена на Уставот на Република Македонија за да се менува уставното име. А за се одлучуваат граѓаните на референдум. Затоа ви кажав и ќе повторам: „имаме нешто што ни е од завет од нашите предци, оставено да го чуваме за нашите потомци“. Тоа е нашата мисија, додаде Иванов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top