| четврток, 6 декември 2018 |

ВИДЕО од апсењето на српскиот педофил кој уценувал девојчиња на „Фејсбук“

Во акцијата за борба против малолетничка порнографија „Армагедон“, српската полиција го уапсила  З.Л. (1979) од Мал Зворник. Се сомневаат дека осомничениот лажно се претставувал на „Фејсбук“ за да уценува малолетнички и деца, пренесува „Блиц“.

lazni-profil-nikole-ivanovica-na-fejsbuku-02

Осомничениот се претставувал како Никола Ивановиќ, а со жртвите стапувал во контакт за да, откако ќе стекнат доверба, да им побара разголени фотографии. Девојките ги терал преку веб-камера да изведуваат експлицитни порнографски претстави кои му служеле за самозадоволување. Доколку би го одбиле, ги уценувал и им се заканувал дека ќе им ги покаже разголените фотографии на нивните родители и познаници.

456104_lazni-profil-nikole-ivanovica-na-fejsbuku_f

Полицијата соопштила дека снимките од нивните порнографски претстави и разголените фотографии ги чувал во својот мобилен телефон, а на својот лажен профил на Фејсбук ги продавал за 3.000 до 5.000 динари (1700-2700 денари).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top