Во акцијата за борба против малолетничка порнографија „Армагедон“, српската полиција го уапсила З.Л. (1979) од Мал Зворник. Се сомневаат дека осомничениот лажно се претставувал на „Фејсбук“ за да уценува малолетнички и деца, пренесува „Блиц“.

Осомничениот се претставувал како Никола Ивановиќ, а со жртвите стапувал во контакт за да, откако ќе стекнат доверба, да им побара разголени фотографии. Девојките ги терал преку веб-камера да изведуваат експлицитни порнографски претстави кои му служеле за самозадоволување. Доколку би го одбиле, ги уценувал и им се заканувал дека ќе им ги покаже разголените фотографии на нивните родители и познаници.

Полицијата соопштила дека снимките од нивните порнографски претстави и разголените фотографии ги чувал во својот мобилен телефон, а на својот лажен профил на Фејсбук ги продавал за 3.000 до 5.000 динари (1700-2700 денари).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


