| четврток, 6 декември 2018 |

Ставрески: Oтписот на долговите е реална и потребна меркa

stavre

Мерката за отпис на долговите на најранливите категории граѓани, социјалците, невработените по двајца каде што се во семејство или еден невработен самец или оние кои имале тешка состојба во семејството е реална и потребна за најсиромашните категории граѓани, изјави вицепремиерот и министер за финансии и носител на листата на ВМРО-ДПМНЕ во изборната единица 4, Зоран Ставрески.

Според него, нема причина СДСМ да биде против таа мерка и да биде против народот и граѓаните бидејќи, како што изјави Ставрески, тие заслужуваат поддршка, заслужуваат да им бидат отпишани долговите.

– Ние преку ослободување од даноци на приватните фирми ќе го постигнеме тоа и на граѓаните кои спаѓаат во овие категории до крајот на септември целосно ќе им бидат отпишани обврските така како што ВМРО-ДПМНЕ ветува во програмата – рече Ставрески во струмичко Ново Село.

Тој додаде дека проектот не би бил во програмата доколку не се сигурни дека може да се реализира и оти е во корист на граѓаните.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top