Фудбалерот на Арсенал Санти Казорла изјави дека желба на неговиот тим е да го донесат Икер Касилјас и дека тој лично го повикал голманот на Реал Мадрид да му се придружи на „Емирати“.
– Му реков на Икер дека би сакал да дојде во Арсенал. Неговата ситуација е многу комплицирана, но мора тој да донесе одлука. Многу клубови го сакаат – изјави Казорла.
Казорла додаде дека знае дека е многу тешко да се напушти Реал. Касилјас кој го изгуби местото во првиот тим на Реал, дебитираше за „кралскиот клуб“ во сезоната 1999/00. Освои пет шампионски титули, две Лига на шампиони, Кралскиот куп и четири Супер купа на Шпанија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Германецот Лено замена за Чех на голот на Арсенал
-
Обамејанг пред потпис со Арсенал, напаѓачот им прати чудна порака на фановите
-
Нотингем Форест ја наполни мрежата на „топџиите“: Арсенал елиминиран од ФА Купот
-
Хит понуда пред утрешниот дуел: „Форд Ескорт“ за оној што ќе му даде гол на Арсенал, има и плин