| четврток, 6 декември 2018 |

Премиера на „Евангелие на глупоста“ во Драмски театар

Во претставата играат: Благој Чоревски, Ирена Ристиќ, Филип Трајановиќ, Игор Георгиев, Катерина Шехтанска-Лаковска, Трајанка Илиева, Игор Ангелов, Петар Мирчевски, Ана Костовска, Милица Стојанова, Валдета Исмаили, Диме Илиев, Златко Митревски и Славиша Кајевски. Костимографијата и сценографијата се на Мери Георгиевска. Музиката е деби на младиот Гаврило Миловановиќ.

далај мама

В сабота, во Драмски театар во Скопје (20 часот), е закажана премиерата на „Евангелие на глупоста“ (Далај мама во два дела), чиј режисер е Љубиша Георгиевски. Нашиот најавангарден режисер оваа година, 2014, прославува значаен јубилеј, 55 години творештво и 77 години, а „Евангелие на глупоста“ е втората претстава, по „Аферата Елсинор“ во Македонскиот народен театар (МНТ) со која се одбележува јубилејот.

Во претставата играат: Благој Чоревски, Ирена Ристиќ, Филип Трајановиќ, Игор Георгиев, Катерина Шехтанска-Лаковска, Трајанка Илиева, Игор Ангелов, Петар Мирчевски, Ана Костовска, Милица Стојанова, Валдета Исмаили, Диме Илиев, Златко Митревски и Славиша Кајевски. Костимографијата и сценографијата се на Мери Георгиевска. Музиката е деби на младиот Гаврило Миловановиќ.

Оригиналниот текст „Далај мама“ првпат беше поставен во Битола во 2008 година во режија на Дејан Пројковски, а „Евангелие на глупоста“ е скопска премиера.
– Нашата идеја е актерите од Драмски театар, без разлика дали заминале во пензија, од време на време да ги враќаме на сцената. Се радувам што еве Чоревски во една година има дури три премиери. По подолго време на наше задоволство ќе игра и бардот на нашето глумиште Милица Стојанова – рече директорот Роберт Вељановски.
Ликовите во претставата се во метастаза на глупоста, а жанрот е трагична фарса, нагласи Георгиевски.
„Евангелие на глупоста“ (Далај мама во два дела) е прикзна за распадот на „западанта цивилизација“ на која и припаѓаме и ние и со кога агонизираме. Оваа цивилизација, откако се разврза од Бога, не можејќи да опстпјува без вера во ништо, се обидува да поверува во се нешто. И така, талкајќи од се нешто до се ништо пристигнува со својот крај. Но, за да може да поверува во глупоста, претходно мораѓе да создаде култ-урана оморазата, деградирајќи го интелектот до алипност, логиката до логистика, јазикот до бесмисла, моралот до лицемерие. Но, суштина на секој, па и на овој крај е новиот почеток, напиша режисерот Георгиевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top