Симпатизерите на ЖРК Вардар кои сакаат да бидат дел од фајналфор турнирот во Будимпешта од денеска можат да купат билети за да го бодрат нашиот тим кој направи одличен резултат во досегашниот дел од Лигата на шампионите во женска конкуренција. Турнирот ќе се игра од 3-4 мај.
Цената на билетите за полуфиналните натпревари изнесуваат од 32 евра па се до 112 во зависност од местото на седење кое ќе се избере. Во продажба се пуштени последните 500 билети бидејќи капацитетот на салата од 10 000 седишта веќе е распродаден. Карти може да се купат на следниот линк http://www.ticketpro.hu/jnp/en/rendezveny/1288264-noi-kezilabda-bl-final-four.html
Во полуфиналните натпревари ЖРК Вардар се среќава со црногорскиот тим Будуќност, додека во второто полуфинале домаќинот и бранителот на титулата Ѓер ќе игра со Митјиланд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.