| четврток, 6 декември 2018 |

Јанкуловска во посета на Стајковци и Брњарци

јанкуловска

Носителот на Изборната Единица 2 на ВМРО ДПМНЕ, Гордана Јанкуловска се сретна со жителите на населените места Стајковци и Брњарци.

При посетата во разговор со граѓаните Јанкуловска ги потенцираше досега реализираните проекти на ВМРО-ДПМНЕ во овие населени места.

Притоа ја издвои реконструкцијата на локалниот пат Село Брњарци- Село Стајковци во должина од 1,55 километри, во вредност од 8,80 милиони денари.

Јанкуловска наведе дека во наредниот четригодишен период е предвидена реконструкција на водоводната мрежа во Стајковци во должина од 5 километри.

Како еден од најзначајните проекти од новата програма на ВМРО-ДПМНЕ, Јанкуловска го наведе проектот за отпишување на долговите на социјалните случаи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top