
Во организација на Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ), во галерискиот простор при Домот на Армијата в четврток, 10 април, во 20 часот ќе се отвори изложбата „Слава на буквите“ на српскиот академски уметник Зоран Илиќ.
Ова е негово деветнаесетто по ред самостојно претставување. Станува збор за дела од неговиот најнов циклус „Слава на буквите“, кој го работи во последниве неколку години.
Илиќ во 1985 година завршува Факултет за применети уметности во Белград. Работи како доцент на Факултетот за уметности во Приштина и како професор на Факултетот за уметности во Ниш.
На интернационалниот конкурс ART 95 во Њујорк е избран во селекција на „Најдобрите 70“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


