| четврток, 6 декември 2018 |

Мизо најави инвестиции за брзо раздвижување на гевгелиската економија

mizo

Директорот на Дирекцијата за слободни економски зони, Виктор Мизо попладнево беше во посета на Гевгелија и ТИРЗ Прдејци со цел да најави брзо раздвижување на гевгелиската економија со инвестициите во зоната кои се очекуваат во наредните четири до пет недели.

– Во моментот има неколку компании кои изразуваат интерес да лоцираат производство во постоечки објекти и нив ги очекуваме да дојдат во следниот период – рече Мизо на средбата со стопанствениците од општина Гевгелија.

Тој потенцира дека Гевгелија е еден од неколкуте најважни градови каде треба да дојдат инвестиции од италијански и турски компании кои ги разгледуваат можностите, поради што, кажа, треба да видиме што е најсоодветно да им се понуди.

– Преку Турската стопанска комора пред извесно време заинтересираност за вложување во општина Гевгелија најави една Слободна економска зона лоцирана во европскиот дел на Турција, која има намера тука да донесе неколку фабрики – истакна Мизо и појасни дека за нив најпривлечни биле не така големата оддалеченост од Турција, блискоста со пристаништето во Солун и поевтината работна сила за речиси 50 отсто споредено со Турција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top