| четврток, 6 декември 2018 |

Јанкуловска: Младите ќе имаат право на бесплатен повратен билет во железничкиот сообраќај

jankulovska kumaNOVO

Носителот на Изборната единица 2, на коалицијата „За подобра Македонија“, Гордана Јанкулоска денеска ја посети кумановската фабрика за чевли „Филип Фрос“, при што оствари средби со вработените и менаџментот на фабриката. Владата на Република Македонија, нагласи таа, изминатите години континуирано спроведува мерки и проекти со цел да ја зголеми поддршката за домашните компании.

Јанкулоска се осврна и на одржувањето на најниски даноци во Европа, во услови на светска и европска криза кога сите други земји го зголемија даночниот товар врз фирмите, како и на одржувањето висок износ на капитални инвестиции кои помогнаа за висок раст на градежништвото и поврзаните индустриски гранки, но и за навременото обезбедување 250 милиони евра со субвенционирана камата од 5,5 проценти, со што директно им се помогна на повеќе од 1.000 македонски компании.

jankulovska kumanovo1

Носителот на Изборната единица 2, Јанкулоска на кафе дружење со младите од Куманово, истакна дека тие се движечката сила и промотор на новите вредности на општеството и државата. Таа ги повтори заложбите за младите преку проектот нови „Спортски сали“, потенцирајќи оти во следниот период ќе се изградат 69 нови и ќе реконструираат 2 постоечки спортски сали.

– Ќе воведеме бесплатен викенд (петок,сабота и недела) еднаш во месецот за превоз на младите лица во железничкиот сообраќај во Република Македонија. Сите млади до 27 години ќе имаат право на бесплатен повратен билет во определен викенд во месецот, рече меѓу другото Јанкулоска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top