| четврток, 6 декември 2018 |

Надал ја зголеми предноста пред Ѓоковиќ

Најдобриот тенисер во светот Шпанецот Рафаел Надал (13.730) ја зголеми предноста на најновата листа на АТП во однос на второпласираниот Новак Ѓоковиќ (11.680) на 2.050 бода.

Надал напредуваше за 130 бода бидејќи Ѓоковиќ не ги бранеше поените кои минатата година ги освои играјќи за Србија во Дејвис-купот.

Третото место со големо заостанување му припаѓа на Швајцарецот Станислас Вавринка (5.760), следува Роже Федерер (5.355), Шпанецот Давид Ферер (4.640), а Топ 10 го затвора Британецот Енди Мареј со (4.040).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top