Веднаш по завршувањето на синоќешниот митинг во Скопје на кој присуствуваа повеќе од 100.000 граѓани, Груевски и преостанатите носители на изборните единици продолжија со турбоагендата и со видеоразговор преку интернет.
Граѓаните поставија повеќе од 500 прашања, а носителите на листите од ВМРО-ДПМНЕ одговараа на нив до два часот по полноќ. Никола Груевски, Гордана Јанкулоска, Никола Тодоров, Зоран Ставрески, Никола Попоски и Антонио Милошоски во штабот на партијата на улица „Македонија“ презентираа проекти и информации како одговор на прашањата од народот.
Ваквиот начин на комуникација, кој почна да се практикува уште од 2011 година, по сеопфатна стратегиска анализа, продолжи синоќа, а премиерот најави дека секогаш кога има простор и време, на овој начин ќе се сретнува со граѓаните и ќе одговара на нивните прашања.
Тие изразија почит кон интернет-заедницата за големиот интерес да биде дел од овој разговор, изразувајќи подготвеност да одговорат на голем број прашања од граѓаните, потврдувајќи ја на тој начин отвореноста и транспарентноста во комуникацијата со народот.
Се поставуваа стотици прашања од различни области. Стипендирање за студенти надвор од земјава, легализација на дивоградбите, за нов стадион во Битола и странски инвестиции, реформи во здравството се само дел од прашањата на граѓаните, кои синоќа добија одговор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.