| четврток, 6 декември 2018 |

Се жени еден од најпосакуваните македонски ергени

Презентерот на вестите на Канал 5, Борислав Тноковски, ќе се жени во мај.

Тоа денеска го објави новинарот на Канал 5 и колумнист во Република, Горан Момироски, во живо во вестите во 18 часот.

Пред почетокот на разговор на тема „Сто години од Букурешкиот договор “ , во студиото, Момироски му ја честиташе веридбата на Тноковски со неговата девојка Наташа, со која е заедно неколку години и му посака среќа во брачните води.

Изненадениот Тноковски потврди дека за месец мај е закажана свадбената церемонија.

Тноковски кој е од Битола е еден од најталентираните македонски спикери, а меѓу колегите важи за одличен познавач на македонскиот, францускиот и шпанскиот јазик. Малкумина знаат дека тој е еден од презентерите кои имаат фантастичен глас, кој е дополнет со музичко образование.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top