Во второто коло од Суперлигата на Македонија во кошарка, вчера вечер на домашен терен, КК Куманово со еден кош разлика изгуби од КК МЗТ Скопје, со конечен резултат 76:77. МЗТ Скопје ја доби првата и третата четвртина, додека домаќинот во втората и четвртата четвртина покажа квалитетна игра со која беше рамноправен противник на тимот од Скопје.
Кај КК Куманово најистакнати поединци беа Луковиќ и Мандиќ кои дадоа по 24 поени и го одржуваа домашниот тим во битка за победа, а кај тимот на МЗТ Скопје најистакнати поединци беа Ѓорѓи Чековски со 24 поени, Стефан Синовец со 18 и Тодор Гечевски со 13 поени.
Мечот во Куманово вчера имаше хуманитарен карактер и сите собрани средства од продадените карти беа наменети за лекување на малиот Никола Вулетиќ, кој беше опериран во Турција. Како што информира менаџментот на КК Куманово, од вчерашниот натпревар, собрани се вкупно 215.000 МКД.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Марко Новески, Вики Ристовска и Владимир Блажевски – DJ Shorty P aкa Панчо донираа за СОС Детско село
-
„Проект среќа“: Бесплатна спортска опрема и бесплатни членарини во спортски клубови на деца во социјален ризик
-
Погба ги повика Фејсбук следбениците заедно да го прослават роденденот со донирање средства
-
Да му помогнеме на дедо Киро, тој е на работ на егзистенцијата!