Министерот за здравје на Црна Гора, Миодраг Радуновиќ предупреди дека, според истражувањето на европските здравствени институции, оваа земја е рангирана како прва во Европа според потрошувачката на антибиотици и на седативи по жител.
– Загрижувачки е што во Црна Гора имаме огромна потрошувачка на лекови, што бара детални анализи со кои би се идентификувала причината за ваквата појава – рече Радуновиќ.
Тој истакна дека е фрапантен податокот дека во минатата година, иако имало недостиг, пропишани се и земени се шест милиони и 200.000 рецепти, што значи дека секој граѓанин на Црна Гора добил десет рецепти и испил по 20 кутии лекови.
Црногорскиот министер рече дека во првите три месеци од годинава издадени се 1.450.000 рецепти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



