| четврток, 6 декември 2018 |

Д-р Ончева: Секој десетти 16-годишник зема седативи на своја рака

Кај упо­тре­ба­та на се­да­ти­ви е по­го­лем про­цен­тот на жен­ска­та по­пу­ла­ци­ја ко­ја пие се­да­ти­ви на сво­ја ра­ка, без да би­дат пре­пи­ша­ни од до­ктор. Прет­ход­но­то истра­жу­ва­ње по­ка­жу­ва­ше де­ка 10 про­цен­ти од 16-го­диш­на­та по­пу­ла­ци­ја во Ма­ке­до­ни­ја ко­ри­стат се­да­ти­ви. Европ­ски­от про­сек е шест про­цен­ти, по­ка­жу­ва истра­жу­ва­ње­то на Европ­ски­от над­зо­рен цен­тар за дро­ги и за­вис­ност од дро­ги

Ин­сти­ту­тот за јав­но здрав­је во со­ра­бо­тка со Европ­ски­от над­зо­рен цен­тар за дро­ги и за­вис­но­сти од дро­ги (ЕС­ПАД) спро­ве­де истра­жу­ва­ње во вр­ска со на­ви­ки­те на 16- го­диш­ни­те ти­неј­џе­ри во Ма­ке­до­ни­ја. Истра­жу­ва­ње­то би­ло спро­ве­де­но во 82 сред­ни учи­ли­шта во 31 на­се­ле­но ме­со во 220 од­де­ле­ни­ја од пр­ва и вто­ра го­ди­на или вкуп­но би­ле ан­ке­ти­ра­ни 4.739 уче­ни­ци. Ре­зул­та­ти­те по­ка­жу­ва­ат де­ка опа­ѓа ко­ри­сте­ње­то на ци­га­ри­те и на ал­ко­хо­лот во од­нос на 1999 го­ди­на, но за­гри­жу­ва про­цен­тот на ко­ри­сте­ње­то се­да­ти­ви.

Вкуп­но, бро­јот на мла­ди на 16-го­диш­на во­зраст што ко­ри­сте­ле се­да­ти­ви из­не­су­ва око­лу 11 про­цен­ти. Зна­чи, збо­ру­ва­ме за се­да­ти­ви што не се пре­пи­ша­ни од ле­кар. Тоа е ви­сок про­цент. Прет­ход­но­то истра­жу­ва­ње по­ка­жу­ва­ше де­ка 10 про­цен­ти од мла­ди­те на 16 го­ди­ни ко­ри­стат се­да­ти­ви. Европ­ски­от про­сек е шест про­цен­ти, ве­ли во ин­терв­ју за „Ре­пуб­ли­ка“ д-р Сил­ва­на Он­че­ва, спе­ци­ја­лист по со­ци­јал­на ме­ди­ци­на во Ин­сти­ту­тот за јав­но здрав­је.

sas_0429-custom

Д-р Сил­ва­на Он­че­ва, спе­ци­ја­лист по со­ци­јал­на ме­ди­ци­на во Ин­сти­ту­тот за јав­но здрав­је

 

Што по­ка­жаа истра­жу­ва­ња­та? Ка­кви се на­ви­ки­те во кон­су­ми­ра­ње­то ал­ко­хол, ци­га­ри и дро­га?

ОН­ЧЕ­ВА: Се ра­бо­ти за истра­жу­ва­ње кое се ре­а­ли­зи­ра на се­кои че­ти­ри го­ди­ни поч­ну­вај­ќи од 1995 го­ди­на. Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја се вклу­чи во истра­жу­ва­ње­то во 1999 го­ди­на,  след­но­то истра­жу­ва­ње бе­ше на­пра­ве­но во 2008 го­ди­на, а во 2012 го­ди­на се ре­а­ли­зи­ра­ше са­мо на те­ри­то­ри­ја­та на град Скоп­је. Пос­лед­но­то истра­жу­ва­ње е на­пра­ве­но во 2015 го­ди­на. Тоа е та­ка­на­ре­че­но истра­жу­ва­ње на ЕС­ПАД, ко­е­што се спро­ве­ду­ва во го­лем број европ­ски др­жа­ви, по­ве­ќе од 40. Истра­жу­ва­ње­то во 2015 го­ди­на бе­ше спро­ве­де­но во 35 др­жа­ви. Тоа е истра­жу­ва­ње кое се ре­а­ли­зи­ра со уни­фи­ци­ран пра­шал­ник и нај­го­ле­ми­от дел од пра­ша­ња­та се од­не­су­ва­ат ток­му на овие суп­стан­ции. Има и мож­ност за до­пол­ни­тел­ни пра­ша­ња. Истра­жу­ва­ње­то се спро­ве­ду­ва со уче­ни­ци на во­зраст од 15 до 16 го­ди­ни и иде­ја­та е да има­ме спо­ред­ли­ви по­да­то­ци во од­нос на тоа ка­ко ни се дви­жат трен­до­ви­те во на­ша­та зем­ја и да се на­пра­ви спо­ред­ба со дру­ги­те европ­ски др­жа­ви и со европ­ски­от про­сек. Во од­нос на ци­га­ри­те, мо­жам да ка­жам де­ка сме гор­ди би­деј­ќи има пад на бро­јот на мла­ди што има­ле искус­тво со ци­га­ри­те во од­нос на 1999 го­ди­на. Од 56,7 про­цен­ти, бро­јот пад­нал на 38 про­цен­ти во од­нос на 1999 го­ди­на. Тоа е мно­гу до­бар по­да­ток за­ра­ди тоа што, нај­ве­ро­јат­но, си­те кам­па­њи што се од­ви­ва­ле при­до­не­ле да опад­не бро­јот на мла­ди што има­ле искус­тво со ци­га­ри­те. Но, за­гри­жу­вач­ки е тоа што ве­ќе има­ме ед­на по­пу­ла­ци­ја ко­ја пу­ше­ла ци­га­ри во те­кот на пос­лед­ни­от ме­сец (око­лу 24 про­цен­ти), а има­ме и по­пу­ла­ци­ја од два про­цен­ти што пу­ши по­ве­ќе од ед­на ку­ти­ја ци­га­ри днев­но. Во од­нос на ал­ко­хо­лот, исто та­ка, опа­ѓа­ње. Во 2015 го­ди­на, 57 про­цен­ти од мла­ди­те во те­кот на жи­во­тот има­ле искус­тво со ал­ко­хол, а во 1999 го­ди­на тој про­цент бил 67. Ин­те­рес­но е да се спом­не де­ка во од­нос на упо­тре­ба­та на ал­ко­хол има го­ле­ми раз­ли­ки во пог­лед на ет­нич­ка­та при­пад­ност. Кај мла­ди­те од мус­ли­ман­ска ве­ро­ис­по­вед е зна­чи­те­лен бро­јот на тие што не­ма­ле искус­тво со ал­ко­хо­лот и тој број се дви­жи ду­ри и над 80 про­цен­ти, за раз­ли­ка од Ма­ке­дон­ци­те кај кои бро­јот из­не­су­ва 19 про­цен­ти. По­да­то­ци­те по­ка­жу­ва­ат де­ка кај Ро­ми­те се зго­ле­му­ва бро­јот на мла­ди што не пи­јат ал­ко­хол. За­гри­жу­ва тоа што сѐ по­че­сто има­ме мла­ди што во те­кот на пос­лед­ни­от ме­сец, ду­ри и пос­лед­на­та не­де­ла, ин­тен­зив­но ко­ри­стат ал­ко­хол. Во од­нос на пос­лед­на­та не­де­ла има­ме ви­со­ки 24 про­цен­ти на мла­ди што пи­јат. Уште по­за­гри­жу­вач­ки е тоа што сѐ по­ве­ќе се кон­су­ми­ра­ат по­ве­ќе од пет пи­ја­ла­ци во ед­на при­го­да. Во од­нос на ма­ри­ху­а­на­та, мо­же да ка­же­ме де­ка раз­ли­ки­те ме­ѓу 1999 и 2015 го­ди­на не се го­ле­ми. Жи­вот­на­та пре­ва­лен­ци­ја кај мла­ди­те на 16 го­ди­ни из­не­су­ва око­лу пет про­цен­ти во 2015 го­ди­на, а прет­ход­но се дви­же­ше око­лу осум про­цен­ти. Ма­ке­до­ни­ја не е ме­ѓу зем­ји­те што се во­деч­ки во од­нос на бро­јот на мла­ди што ко­ри­стат ма­ри­ху­а­на. Во од­нос на дру­ги­те суп­стан­ции, нив­ни­от број се дви­жи око­лу два про­цен­ти за ек­ста­зи. Во од­нос на си­те оста­на­ти суп­стан­ции (ко­ка­ин, крек, ЛСД, хе­ро­ин) про­цен­тот е под еден. Стаг­ни­ра или се на­ма­лу­ва бро­јот на мла­ди што ги ко­ри­стат овие суп­стан­ции. Единс­тве­но за­гри­жу­ва ма­ли­от по­раст на ли­ца што упо­тре­бу­ва­ат ко­ка­ин.

 

sas_0440-custom

За­гри­жу­ва ма­ли­от по­раст на ли­ца што упо­тре­бу­ва­ат ко­ка­ин, вели д-р Ончева

 

Број­ки­те по­ка­жу­ва­ат де­ка опа­ѓа бро­јот на ти­неј­џе­ри што пу­шат ци­га­ри или пи­јат ал­ко­хол. На што се дол­жи тоа?

ОН­ЧЕ­ВА: Нај­ве­ро­јат­но се дол­жи на свес­но­ста на мла­ди­те за штет­но­ста од упо­тре­ба­та на овие суп­стан­ции. Иа­ко по­сто­јат ин­фор­ма­ции за тоа кол­ку се штет­ни ци­га­ри­те, ал­ко­хо­лот и дро­ги­те, тие тре­ба да се ин­тен­зи­ви­ра­ат за­тоа што мла­ди­те пре­ку јав­ни­те гла­си­ла и ин­тер­не­тот до­би­ва­ат ин­фор­ма­ции што не­ко­гаш, за жал, се и де­зин­фор­ма­ции. Огра­ни­чу­ва­ње­то на про­даж­ба­та на ал­ко­хо­лот мо­же­би при­до­не­се да се на­ма­ли бро­јот на мла­ди­те што пи­јат, но тоа не зна­чи де­ка по­доц­на не­ма да поч­нат да кон­су­ми­ра­ат ал­ко­хол.

 

Ка­де е Ма­ке­до­ни­ја во од­нос на Евро­па со овие на­ви­ки?

ОН­ЧЕ­ВА: Во од­нос на упо­тре­ба­та на дро­ги Ма­ке­до­ни­ја е мно­гу ни­ско на ска­ли­ло­то. На при­мер, во Евро­па упо­тре­ба­та на ма­ри­ху­а­на е 16 про­цен­ти, а кај нас е пет. Оп­што, за си­те дру­ги ви­до­ви дро­ги кај нас е се­дум про­цен­ти, а европ­ски­от про­сек е 18 про­цен­ти. Нај­го­ле­ма упо­тре­ба на ма­ри­ху­а­на­та е за­бе­ле­жа­на во Че­шка. Кај нас, упо­тре­ба­та на ци­га­ри во пос­лед­ни­те 30 де­на е над европ­ски­от про­сек (24 про­цен­ти нас­про­ти 21 про­цент). Во од­нос на ал­ко­хо­лот, Ма­ке­до­ни­ја е под европ­ски­от про­сек.

 

Што по­ка­жу­ва­ат истра­жу­ва­ња­та, кол­ку се ко­ри­сти ин­тер­не­тот?

ОН­ЧЕ­ВА: Ин­тер­не­тот е мно­гу за­ста­пен кај на­ша­та по­пу­ла­ци­ја. Се сме­та де­ка око­лу 85 про­цен­ти од мла­ди­те се се­којд­нев­но на ин­тер­нет. Не­ма го­ле­ма раз­ли­ка во од­нос на ра­бот­ни де­но­ви и ви­кен­ди. Нај­го­лем дел, по­ве­ќе од 20 про­цен­ти, се ми­ни­мум два до три ча­са се­којд­нев­но на ин­тер­нет.

 

img_2705-custom

 

Во ис­пи­ту­ва­ње­то бе­ше оп­фа­те­но и ко­ри­сте­ње­то се­да­ти­ви.

ОН­ЧЕ­ВА: Ко­ри­сте­ње­то на се­да­ти­ви­те е не­што што нѐ за­гри­жу­ва. Во спо­ред­ба со дру­ги­те суп­стан­ции, ка­де што до­ми­ни­ра упо­тре­ба­та на пси­хо­а­ктив­ни суп­стан­ции од стра­на на ма­шка­та по­пу­ла­ци­ја во спо­ред­ба со жен­ска­та, кај се­да­ти­ви­те е нај­го­лем про­цен­тот кај жен­ска­та по­пу­ла­ци­ја. Вкуп­но, бро­јот на мла­ди на 16-го­диш­на во­зраст што ко­ри­сте­ле се­да­ти­ви из­не­су­ва око­лу 11 про­цен­ти. Зна­чи, збо­ру­ва­ме за се­да­ти­ви што не се пре­пи­ша­ни од ле­кар. Тоа е ви­сок про­цент. Прет­ход­но­то истра­жу­ва­ње по­ка­жу­ва­ше де­ка 10 про­цен­ти од мла­ди­те на 16 го­ди­ни ко­ри­стат се­да­ти­ви. Европ­ски­от про­сек е шест про­цен­ти.

 

Раз­го­ва­ра­ше: Але­ксан­дра М. Бун­да­лев­ска
Фо­то: Але­ксан­дар Ива­нов­ски
(интервјуто е објавено во неделникот „Република“ број 214, кој излезе на 7. октомври 2016)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top