| четврток, 6 декември 2018 |

Седативи и алкохол е смртоносна комбинација

Во пресрет на новогодишните и божикни празници докторите препорачуваат внимателно со храната и со пиењето.

– Апелирам, посебно до младите никако да не пијат седативи и алкохол бидејќи тоа е смртоносна комбинација  – вели Андон Чибишев, клинички токсиколог

Чибишев од своето долгогодишно искуство се уште се сеќава на случајот со млада девојка која во кома била донесена на Клиника. За три часа испила цело шише ракија и лекарите едвај ја спасиле.

Според последните истражувања на светските токсиколози, ваквите дози се смртоносни. 

– Една до две чашки алкохол за Среќна Нова Година. Пиењето да биде задолжително во комбинација со храна. Клиничките токсиколози советуваат на умерено консумирање на жестоки пијалоци и храна за добар помин на празниците. За најавите дека новогодишната ноќ ќе ја дочекаме на десетина степени под нулата, од Токсикологија предупредуваат дека и мала количина алкохол може да доведе до премрзнување или други здравствени проблеми – вели Чибишев.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top