Ниту малите и средни претпријатија не се заборавени во новата програма наменета за 2014-2018 година, а Никола Груевски ги претстави и мерките наменети за нив.
-На малите и средни компании ќе им обезбедиме пристап до нови 100 милиони евра кредити со субвенционирана камата од 5,5 %. Дополнително, ќе извршиме докапитализација на македонската банка за поддршка на развојот со 10 милиони евра, односно по 2,5 милиони годишно. Со ова македонските компании ќе може да го финансираат своето производство наменето за извоз и земјоделското производство, како и откупот и извоз на земјоделски производи, истакна Груевски.
Груевски вечерва ја промовираше програмата со која Коалицијата за подобра Македонија ќе бара уште еден мандат на претстојните парламентарни избори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.