| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Нашата сила е во квалитетот на програмата која ја нудиме

gruevski

фото: Д. Јанковиќ (Курир)

Со СДСМ се разликуваме во најмалку 2 работи- дадениот збор и квалитетот на програмата за развој на Македонија. Ова го истакна вечерва од Куманово премиерот Груевски.
-Нашата голема предност е во квалитетот на програмата која ја нудиме за развој и напредок на Македонија. Од утре натаму почнува презентацијата на новата програма за 4 години. Сите ќе можете да видите на кој начин Македонија ќе оди напред. Ќе видите на кој начин Владата ќе продолжи да ја гради иднината на Македонија, се разбира, заедно со Ѓорѓе Иванов. Повикувам од утре натаму да се фокусираме на конкретни работи. На содржината на оваа програма. Веќе е јасно дека тоа што ВМРО-ДПМНЕ го нуди и тоа што ВМРО-ДПМНЕ го ветува и дава збор, дека ќе биде исполнето. Ние таа доверба нема никогаш да ја прокоцкаме, рече Груевски.

Премиерот истакна дека тешко се стекнува доверба, а лесно се губи.

-Затоа програмата ја подготвувавме многу внимателно. Со пресметки, многу собрани луѓе, експерти. Собиравме многу идеи од сите страни, од граѓани, од експерти од Македонија и странство. По многу анализи ја составивме таа програма со 2046 проекти за граѓаните на Република Македонија. Ние знаеме дека најголем проблем во Македонија е економијата и невработеноста. На тоа сме најмногу насочени и до сега и ќе останеме најмногу фокусирани во идниот период, рече Груевски.

Тој оваа програма ја најави како најдобра и најквалитетна програма промовирана било кога досега во Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top