Владата на Република Македонија преку Министерството за труд и социјална политика ќе спроведува политика на развој на социјалната заштита преку обезбедување еден оброк за старите и возрасни лица изложени на социјален ризик, популарно наречени народни кујни, во повеќе урбани и рурални општини во Република Македонија.
Многу од старите лица и други категории возрасни лица се изложени на социјален ризик заради материјална необезбеденост. Поради тоа, оваа ранлива категорија многу често заради нередовна исхрана се наоѓа во неповолна здравствена состојба. Воедно кај истите лица е присутна појавата на бездомништво, скитништво, питачење и појави на асоцијално однесување.
Согледувајќи ја ваквата состојба се преземаат активности во насока на потпомагање на оваа ранлива категорија граѓани.
Досега Министерството за труд и социјална политика, на територијата на Република Македонија има отворено народни кујни во 44 општини со повеќе од 4000 корисници.
Во насока на поддршка на најранливата категорија лица, во периодот од 2007 до 2013 година Владата и Министерството за труд и социјална континуирано го спроведуваат проектот „Народни кујни“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.