Долгогодишниот прв голман на Челси, Петр Чех, напорно ќе продолжи да работи за да го задржи местото прв голман на тимот од Лондон.
По одличната сезона на младиот белгиски голман на Атлетико Мадрид, Тибо Куртоа, кој е позајмен од Челси, сѐ погласни се шпекулациите дека тој би можел следната сезона да се врати во редовите на „сините“ и да биде голема конкуренција на Чех за статусот прв голман.
– Ако Куртоа биде со нас од првиот ден на подготовките за следната сезона, тоа нема да промени ништо. Ќе продолжам да работам напорно за да докажам дека сум најдобар и за да можам да го задржам местото во тимот. Доколку се врати и покаже дека е подобар од мене, ќе му честитам. Не играм затоа што се викам Петр Чех, туку затоа што сум добар и затоа што менаџерот мисли дека е подобро за тимот јас да бидам прв голман – изјави Чех по шпекулациите дека Тибо Куртоа се враќа во Челси.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.