| четврток, 6 декември 2018 |

Јакимовски: Се кандидирав затоа што граѓаните на Карпош не очекуваат од мене да се предадам без борба

Градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски преку соопштение го објасни својот потег во последен момент да поднесе кандидатура за нов мандат, со што не ја испочитува одлукатана неговата партија за бојкот на изборите. Во неговото образложение, Јакимовски вели дека чувствува морална обврска да им ја објасни одлуката на граѓаните на Карпош, но и на целата јавност која е чесна и добронамерна.

– Моите побуди за овој чекор се крајно чесни и добронамерни и пред се насочени кон иднината и доброто на граѓаните на Карпош. Мојот став е дека Карпош заслужува фер и политичка борба на „отворена сцена“. Мене, како профил на личност и како политичар, сметам дека не ме личи дефанзивно да ја предадам борбата за општината уште во самиот старт, уште пред почетокот на овие или било кои локални избори. Напротив, граѓаните на Карпош верувам дека не би ме препознале во таква улога и не го очекуваат тоа од мене, за што сведочат сите анкети на јавното мислење и поддршката и охрабрувањата што ги добивав од нив во целиот изминат период. Она што сакам да кажам дека и во изминатите четири години, Општина Карпош беше единствената опозициска општина од 10-те во Градот Скопје, која успеа сама да опстои и не само тоа, туку да биде најуспешна и најпросперитетна општина потврдена не само во земјата, туку и надвор од неа. Во име на целиот тој четиригодишен влог јас решив да одам во фронтален дуел со кандидатот на владејачката партија. Јас верувам пред се во силата, разумот и вистинската проценка на граѓаните на Карпош кои јасно можат да видат кој најмногу досега направи и ќе направи за нив и за нивната благосостојба, а тие со својот глас да го кажат последниот збор, се вели во соопштението на градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top