Кандидатите за претседател на Република Македонија денеска ја продолжуваат предизборната кампања со митинзи и средби со граѓани во повеќе градови и населени места.
Ѓорге Иванов, претседателскиот кандидат на коалицијата „За подобра Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ќе одржи митинг во Куманово, а средби со граѓаните ќе реализира во Брвеница, Јегуновце и во Липково.
СДСМ, со кандидатот Стево Пендаровски, ќе има митинг во Охрид и средби со граѓани во Дебарца, Вевчани и во Струга.
Коалицијата ГРОМ, со својот кандидат Зоран Поповски, ќе одржи митинг во Кочани и средби со граѓани во селата Црник, Робово и Ратево.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.