Ракометната репрезентација на Босна и Херцеговина ја декласира Грција среде Солун со 28-23 во првиот претквалификациски меч за настап на ЕП во Полска за две години.
Грција е противник на Македонија во баражот за пласман во Катар на Светското првенство во 2015 година, а Босанците умешно презентираа како треба да се игра против нашите јужни соседи.
Од самиот почеток популарните „змаеви“ водеа прво со 5-0, а потоа и со највисоки на мечот 6 гола разлика, 21-15, со што се еден чекор поблиску до настап на ЕП во Полска.
Најефикасен кај Грците беше Пападопулос со 9 погодоци. Кај нив ќе гостуваме во Атина на 7 јуни, а потоа ќе ги пречекаме во реванш во Скопје, закажан за 15 јуни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


