| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ, Груевски и Иванов убедливо водат пред СДСМ, Заев и Пендаровски

vmro-vo-ohrid-28ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и Ѓорге Иванов имаат убедлива предност пред СДСМ, Зоран Заев и нивниот кандидат за претседател Стево Пендаровски. Речиси трипати повеќе граѓани веруваат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги исполни предизборните ветувања и исто толкава е разликата во довербата кон раководството на владејачката партија во однос на раководство од СДСМ, покажува последната анкета на Институтот „Димитрија Чуповски“.

На прашањето „За која партија би гласале на предвремените парламентарни избори?“, 27,8 проценти од испитаниците одговориле за ВМРО-ДПМНЕ, 14,9 проценти за СДСМ, 7 проценти за ДУИ, 4,9 проценти за ДПА, 1,8 проценти за ГРОМ и 1,1 процент за НДП. За друга политичка опција се определиле 1,7 процент од анкетираните, а со „не знам“ одговориле 23,8 проценти.

anketa za kogo bi glasale

На прашањето „Кој е политичарот во кого имате најголема доверба?“, 27,9 проценти одговориле „премиерот Никола Груевски“. Втор е лидерот на ДУИ, Али Ахмети, со 7,1 проценти од анкетираните, а зад него е претседателот на СДСМ, Зоран Заев, со поддршка од 6,9 проценти од испитаниците. Потоа следуваат претседателот на ДПА, Мендух Тачи, со 4,3 проценти, Стевчо Јакимовски со 1,7 проценти, Бранко Црвенковси со 1,4 процент Руфи Османи со 1,2 процент и последна на листата е Радмила Шекеринска со 0,9 проценти.

 anketa vo kogo imate doverba

На прашањето „Според вашето мислење, која политичка партија ќе победи на следните избори?“, 35,5 проценти одговориле ВМРО-ДПМНЕ,  а 13,8 проценти СДСМ. Во победа на ДУИ веруваат 7,4 проценти од анкетираните, а во ДПА 4,1 процент.

 anketa koj ke pobedi

На прашањето „За кого ќе гласате во првиот круг на претседателските избори?“, за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорге Иванов, се изјасниле 30,8 проценти, за кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски, 16,1 проценти, за Зоран Поповски 2,2 проценти и за Илијаз Халими 7,4 проценти.

 anketa pretsedatel

Испитаниците имале поголема доверба во ВМРО-ДПМНЕ дека ќе ја исполни изборната програма. Така, на прашањето „Во која партија имате поголема доверба дека ќе ги исполни своите предизборни ветувања ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ?“ за ВМРО-ДПМНЕ се изјасниле 50,6 проценти, а за СДСМ 17,2 проценти.

anketa koj ke ispolni vetuvanja

Граѓаните, исто така, во големо мнозинство веруваат дека ВМРО-ДПМНЕ има поспособно раководство од СДСМ.

На прашањето „Која политичка партија има поспособно раководство и поквалитетен тим ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ?“, за ВМРО ДПМНЕ се изјасниле 43,3 проценти, а за СДСМ 15,2 проценти.

anketa posposobno rakovodstvo

Мерењето на јавното мислење е извршено во периодот меѓу 28 и 31 март преку телефонска анкета на 1.510 испитаници.

Доколку резултатите од анкетата се споредат со претходното истражување на јавното мислење кое го спроведе Институтот „Димитрија Чуповски“ кон крајот на јануари 2014 година, забележително е дека рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ пораснал за дополнителни 1,7%, додека рејтингот на СДСМ останал на истото ниво, односно забележал пад од 0,2 процентни поени.

Во анкетата извршена на ниво на целата територија на Република Македонија, биле опфатени сите изборни единици, но и други релевантни демографски карактеристики на населението како пол, возраст и етничка припадност. Дополнителна поделба била направена и според руралните и урбани места на живеење. Сите резултати од анкетата подлежат на статистичка грешка од +/- 2 проценти.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top