| четврток, 6 декември 2018 |

Кој кого го исклучува Јакимовски СДСМ или обратно?

По веста дека Стевчо Јакимовски се кандидирал преку партијата на Милетиќ за нов мандат во Карпош и покрај одлуката за бојкот, дел од опозициските интернет агенции јавуваат дека во СДСМ има најава дека Јакимовски утре ќе биде  исклучен од партијата. Доколку Јакимовски не „ги исклучил“ СДСМ претходно.стефффцо

Преку социјалните мрежи Јакимовски го образложи својот чекор.

„Моите побуди за овој чекор се крајно чесни и добронамерни и пред се насочени кон иднината и доброто на граѓаните на Карпош.Мојот став е дека Карпош заслужува фер и политичка борба на „отворена сцена“.
Мене, како профил на личност и како политичар, сметам дека не ме личи дефанзивно да ја предадам борбата за општината уште во самиот старт, уште пред почетокот на овие или било кои локални избори…. Во име на целиот тој четиригодишен влог јас решив да одам во фронтален дуел со кандидатот на владејачката партија.“

Во изјава пак за интернет медиум Јакимовски вечерва вели :„..Ние кои се бавиме со политика се бориме да дојдеме до избори и таму треба да се потврдуваме“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top