| четврток, 6 декември 2018 |

Венизелос и Бан Ки Мун разговарале за името на Македонија

venizelos ban ki mun

Грчкиот министер за надворешни работи Евангелос Венизелос вчера во Брисел имал кратка средба со генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун на која разговарале и за прашањето за името на Македонија.

– Со генералниот секретар на ОН кусо разговаравме за две главни прашања кои се однесуваат на нас: кипарското прашање се разбира, но и за иницијатива на Нимиц во врска со прашањето за името. Позициите на Грција се јасни и цврсти, и генералниот секретар го цени тоа, изјави Венизелос.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, средбата меѓу шефот на грчката дипломатија и Бан Ки Мун се одржа на маргините на самитот ЕУ-Африка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top