Светскиот aвтомобилски гигант и најголемиот тренд-сетер во автомобилската индустрија „нисан“ (NISSAN) се вдоми во нов екслузивен салон уреден според нисановите стандарди.
Новиот салон се наоѓа во таканаречената автомобилска улица „Скупи“ каде се изложени најновите модели на „нисан“.
Започнуваме ново поглавје за „нисан“ во Mакедонија. Со засилени кадровски и организациски промени, а тоа пред сѐ се однесува на интегрирање на тимот од „Кадис“ во „нисан“,со што сме детерминирани да го донесеме брендот на нивото што тој го ужива – број еден Азисиски бренд на Европскиот пазар, се вели во соопштението на „Кадис“.
Со понуда од 24 различни модели, иновативни и наградувани кросовери, спортски автомобили, комерцијални возила и најпопуларни електрични возила, „нисан“е производител кој поставува нови трендови.
Новиот салон,засилениот тим и новата организациска поставеност е вистинска најава на успехот што се очекува од новите модели за оваа година. Новиот „кашкаи“ (Qashqai), изменетиот „џук“ (Juke) и новиот „икс-треил“ (X-Trail) се атрибутите со кои „нисан“ засилено ќе атакува на македонскиот пазар.
„Аутомотив Груп“ ги потврдува своите амбиции „нисан“ во Македонија конечно да освои 4% од уделот на пазарот на автомобили.
Во новиот салон клиентите ќе може да се уверат во внатрешната и надворешна убавина на новите модели од гамата на брендот кои беа претавени на Саемот на Автомобили во Женева и ја најавуваат новата ера на „нисан“:
- Новиот „нисан џук“ (NISSAN Juke) – трендсетер,секогаш понапред од останатите во својата класа.
Со својот динамичен дизајн и напредна технологија се издвојува од останатите како компактен кросовер.Комбинацијата од индивидуален стил,силна возна динамика и софистицирана внатрешна опрема,предизвика бура на пазарот со продажба до 420,000 за помалку од 40 месеци ,лесно засенувајќи ги своите ривали.Како етаблирано премиум возило во Македонија пристигнува во јуни и подготвен е уште еднаш да ги надмине своите перформанси на сeгментот што и самиот ги создал.
- Новиот „икс-треил“ (X-Trail) кој ги поставува новите стандарди во C – SUV сегментот.
Во спектарот на кросовери на „нисан“, новиот X-Trail со своите напредни 4×4 способности во комбинација со дизајн и технолошки карактеристики станува заштитен знак. Во поглед на иновативната технологија нуди LED светла, Nissan Safety Shield како и трета генерација на NissanConnect навигациски и инфозабавен систем.Како резултат на овој комплетен редизајн и процес на ре-инженеринг, новиот X-trail е најсодржински и способен SUV кросовер во автомобилската индустрија. Пристигнува во Македонија во месец септември.
- Врвен градски теренец , технолошки напреден, комплетно нов „нисан кашкаи“ (NISSAN Qashqai).
Одкако Ви ја овозможивме првата генерација од која беа продадени повеќе од 2 милиони единици ,сега Ви ја даваме новата генерација на QQ за која очекуваме уште поголем успех. Врвен спој на теренец и класичен хеџбек со напредни можности за поврзување на автомобилот. Новиот QQ е со нов компактен надворешен изглед, аеродинамична каросерија, прилагоден со повисока положба на возачот и сево ова заедно создава едно унапредено доживување на градското возење.
Смел и динамичен пристигнува во Македонија во месец мај кога ќе имате можност да го погледнете во новиот салон на „нисан“ и да закажете тест возење.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.