Како една од првите приватни фирми воМакедонија основана од семејството Каленикови, „ТД Кадис“ одбележа 25-годишната успешна работа во бизнисот со автомобили со над 9,000 продадени возила и повеќе од 11,000 задоволни клиенти.
Од првите реклами „Плати и вози”, преку „Џандар збира“ и безбројните промоции и забави за новите модели до хуманитарни проекти, секогаш e присутен со поддршка на естрадата, уметноста, културата и спортот, а токму и со овие пријатели наздрави по повод значајниот јубилеј.
– Горди сме што го носиме истиот даночен број без измени и додавки, тој на КАДИС од 03.12.1990 година па се до денес. Да продолжиме и понатаму да им создаваме вистински и чесен пат на идните генерации заедно да градиме стабилно општество базирано на човечност, пријателство, партнерство и семејство – изјави Зоран Калеников, генерален директор на „ТД Кадис“.
„ТД Кадис“ веќе четири години е меѓу 200 најуспешни и најголеми компании во земјава, со досегашни три титули „Автомобил на годината”, две титули „Golden Dealer“ во Европа, 3 шампионски титули во женска одбојка заедно со Форца Волеј, 2 во кошарка заедно со МЗТ Скопје. Меѓудругото и со бројни донации: донација на автомобили во едукативните центри на Mашински факултет за идните машински инженери, донации за Универзитетската клиника за детски болести Скопје, за Детската кардиохирургија, за Здружение за граѓани за третман на лица со аутизам. Сите овие донации се крунисаа со Награда за општествено одговорна компанија од страна на Министерството за Економија.
Продолжуваме и понатаму со исто темпо да бидеме достапни и услужни на нашите корисници, велат од компанијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Пријател на Јелена открива: И било страв од годишнината на бракот која доаѓала
-
Дарко Илиевски: Во животот се клекнува само еднаш, пред жената која ја сакаш
-
Изминаа 16 години од загинувањето на полицаецот Цоки Стојаноски во Тетово
-
Македонската пејачка прослави 5 години брак: Сум се вљубувала многу пати, но секогаш во тебе