| четврток, 6 декември 2018 |

Металург и Вардар во првото плеј-оф коло на домашното првенство

Во просториите на РФМ извлечени се редните броеви на екипите учесници во плеј-офот на домашното првенство.

Тоа значи дека Металург и Вардар ќе се сретнат веќе во првото коло (домаќин Вардар), а потоа и во шестото (домаќин Металург).

Распоред на првото коло:

Зомимак М – Тинекс Пролет

Пелистер 08 – Металург Јуниор

Вардар – Металург

Сепак, поради обврските на Вардар во СЕХА-лигата, овој натпревар, планиран на 9 април, ќе биде одложен. Постои веројатност, поради учеството на двете екипи во Лигата на шампионите, да бидат одложени и низа други средби.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top