Лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, возврати на обвинувањата на Тито Петковски дека наскоро ќе заврши во затвор ако не одработи за ВМРО-ДПМНЕ. Ова е реакцијата на градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на заканите на НСДП:
„Главниот слуга на Никола Груевски што го сруши СДСМ беше токму Тито Петковски кој во 2006 година му одзеде на Социјалдемократскиот сојуз седум пратеници и со тоа го собори од власт. Веројатно Петковски се повикува на сопственото искуство во изминатите осум години и мисли дека треба и други да се однесуваат како него. Ако од некого пропати СДСМ во минатите години, тоа беше токму од Тито Петковски и неговата квислиншка улога што ја имаше во периодот 2006-2009 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Јакимовски: Намалувањето на казната за Боро Стојчев е политичка, а не правна одлука
-
Кривична пријава за Јакимовски и четворица негови соработници
-
Јакимовски: Откако се одвоив од СДСМ во 2013 година, постојано ми се закануваат со притвори и затвори
-
Општина Кaрпош: Нема услови градинките да работат во две смени, идејата на министерството е нефункционална


