| четврток, 6 декември 2018 |

Јакимовски: Откако се одвоив од СДСМ во 2013 година, постојано ми се закануваат со притвори и затвори

Државата има право да не контролира колку сака, а ние имаме обврска секогаш да бидеме исправни. Што значи дека јас воопшто не се секирам. Државното обвинителство треба да си ја работи својата работа . Тие мене со обвинителство, со притвори, со затвори, откако сум се одвоил од нив од 2013 година постојано ми се закануваат, изјави претседателот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски.

Тој додае дека луѓето од СДСМ однапред знаат за што е обвинет Јакимовски, бидејќи кривичните пријави се пишуваат на Бихаќка.

За постапките во судството кои постајано се водаат против Јакимовски, тој истакна дека позади сите одлуки стојат одобрени документи од правосудството и нотарите.

-Јавно сакам да кажам. Ние не сме морони и ние не сме толку неодгворни, како да ви кажам, да земеме да продаваме земјиште за кое што се водело постапка за денационализација. За да ние продадеме едно земјиште ние мора да имаме имот лист чист на Република Македонија, рече Јакимовски.

Тој додаде дека позади постапката стојат и министерството за транспорт и врски и правобранителството како и нотарот. Доколку постои сомнеж дека се води некоја постапка за денационализација тогаш е невозможно да се спроведе постапката.

-Тоа се само алиби за да може своето неработење да си го покриваат со тоа што ќе обвинуваат некој друг и второ за да можат евентуално да ане оцрнуваат. Со слична приказна како онаа на Груевски да одиме по судови и така натаму. Јас јавно сакам да им порачам дека спремен сум на се од Социјадемократскиот сојуз и воопшто не ме плашат нити ќе ме замолчат. Јас многу добро знам што сум работел во локалната самоуправа, истакна Јакимовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top