| четврток, 6 декември 2018 |

Стевчо со порака до Тито: Во Идризово има место и за тебе и за жена ти

stevcoЛидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, возврати на обвинувањата на Тито Петковски дека наскоро ќе заврши во затвор ако не одработи за ВМРО-ДПМНЕ. Ова е реакцијата на градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на заканите на НСДП:

„Главниот слуга на Никола Груевски што го сруши СДСМ беше токму Тито Петковски кој во 2006 година му одзеде на Социјалдемократскиот сојуз седум пратеници и со тоа го собори од власт. Веројатно Петковски се повикува на сопственото искуство во изминатите осум години и мисли дека треба и други да се однесуваат како него. Ако од некого пропати СДСМ во минатите години, тоа беше токму од Тито Петковски и неговата квислиншка улога што ја имаше во периодот 2006-2009 година.

СДСМ е партија која очигледно брзо заборава и по трет пат го наградува НСДП со пратенички места, овој пат со три мандати иако таа партија нема никаква инфраструктура. Испаничени бидејќи го чувствуваат скорешниот пораз уште недојдени на власт го покажуваат вистинското лице за тоа како мислат СДСМ и НСДП да владеат со државата. Тие навечер плачат за политички монтирани процеси, а преку ден смислуваат на кого да му се закануваат. Но, ако не знаат, треба да ги потсетиме дека во Идризово има доволно места, посебно за оние кои се богатеа во транзицијата и финансиски профитираа.
Тито Петковски треба да одговори колку тој и неговата сопруга затворија фирми, на колку им останаа должни и колку шеќер со неговите транзициски богаташи од Арачиново „свртеа“ за време на ембаргото. Инаку, апсолутен европски рекордер во задолженост е Александар Петревски, екс градоначаланикот на Охрид, кој сѐ уште, колку што знаеме, е член на СДСМ. Или ако НСДП сака толку да зборува за долгови, прво нека каже колку должат градоначалниците Зоран Заев и Зоран Дамјановски со нивните јавни претпријатија и на кои се претпријатија им се должни“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top