– Денес е 1 април. Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ иако секоја година организра настани по повод овој ден, а со цел да потсети на лагите на СДСМ, оваа година одлучи да не го прави тоа. Овој пат не правиме никаков настан бидејќи настаните и настапите на СДСМ говорат за себе. Доволно се комични – велат од Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.
Оваа година, додаваат тие, овој ден и целиот овој месец граѓаните имаат можност да ги гледаат лагите на СДСМ на нивните митинзи и да ги читаат на нивните медиуми.
– Шеќеринска, Пендаровски и Заев, СДСМ ни ги претставува за нови лица. Ова е најголемата и најсмешната лага за оваа година. СДСМ прави комедија со себе. Ние им го посветуваме овој ден на нив со охрабрување да продолжат да не засмејуваат затоа што 1 април за СДСМ ќе трае до 27 април – коментираат младите од владејачкаа партија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)


